Град Скопје и општините Куманово и Берово, први во подготовката на акциски планови за одржлива енергија и клима

Пактот на градоначалници на Западен Балкан и Турција е заеднички проект кофинансиран од Европската Унија и германското Сојузно министерство за економска соработка и развој (БМЗ) и имплементиран од ГИЗ на Западен Балкан и од CPMA во Турција. Проектот е насочен кон справување со климатските промени и ја поддржува енергетската транзиција на Западен Балкан и Турција преку зголемено прифаќање на Пактот на градоначалници за климатски и енергетски иницијативи во регионот; поддршка на локалните власти да ги претворат во реалност своите амбиции за намалување на емисиите на стакленички гасови и зајакнување на отпорноста на влијанијата на климатските промени, земајќи ја предвид локалната разновидност.

Проектот се спроведува во две насоки: едната е учење за можностите за учество во управувањето на повеќе нивоа и втората насока, изготвување акциски планови за одржлива енергија и клима (SECAP), во која се вклучени Градот Скопје и општините Куманово и Берово.

Преку проектот, општините ќе бидат обучени да учествуваат во управувањето на повеќе нивоа за развој и имплементација на енергетската и климатската политика. Платформата за управување со повеќе нивоа за земјите кориснички ќе го поддржи подобрувањето на постојните и создавањето нови механизми за комуникација помеѓу различните засегнати страни и процеси (на пр. развој и имплементација на Националните планови за енергија и клима, Националните стратегии за климата, Националните стратегии за енергетика итн.) и локални инструменти за планирање на климата и енергијата, како што се акциските планови за одржлива енергија и клима (SECAP). Целта на Платформата за управување со повеќе нивоа во Македонија е да го отвори дијалогот за општите елементи: координација и интеграција, ефикасност и синергија, инклузија и учество, споделување на знаење и соработка. На дводневната работилница во Маврово, ЗЕЛС, како заедница на ЕЛС, со успешна биографија зад себе, ги претстави своите механизми за управување на повеќе нивоа преку начинот на кој структурно и оперативно е поставена мрежата од чинители со кои соработува и начините на комуникација со нив во земјата и странство, управувана од носечките стратешки насоки: застапување и лобирање, обезбедување услуги за општините и градење и зајакнување на капацитети на локалните власти. 

Градот Скопје и општините Куманово и Берово се вклучени и во развојот на акциските планови за одржлива енергија и клима (SECAPs), преку обезбедена техничка советодавна поддршка. Претставниците на овие единици на локалната самоуправа учествуваа на работилницата којашто е продолжение на претходните активности преку кои се подготви сновниот инвентар на емисии (BEI), проценката на ризик и ранливост (RVA) и добија знаење за водење процеси на консултации со засегнатите страни со цел да се идентификуваат приоритетните мерки за ублажување и адаптација. Фокусот на работилницата што се одржа на 21 и 22 декември 2023 г. во Маврово, беше секоја работна група да започне дискусија околу визијата и стратегијата на SECAP кон постигнување на поставените цели, дефинирање на сите потребни елементи за секоја мерка за ублажување и адаптација што ќе биде вклучена во SECAP, преку поддршка од техничките експерти.