Родовата еднаквост во фокус на развивање на политики и услуги за управување со отпад

Во рамките на проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“ беше одржана тридневна работилница во Солун (Грција) во периодот од 29 до 31 јануари, 2024 година на која  учествуваа и проектните координатори од ЗЕЛС. Испланирани се заедничките активности за интегрирање на родовата перспектива во општинските плановите за управување со отпад во пилот општините: Охрид, Битола, Прилеп, Пласница, Кичево и Новаци, учеснички во проектот. И во 2024 година продолжува поддршката во имплементирањето на плановите за управување со отпад во овие општини, особено во делот на евалвација и идентификување на недостатоците како и утврдувањето на препораки за нивно подобрување.  ЗЕЛС заедно со тимот на  САЛАР ќе продолжи со поддршка на општините за интегрирање на родовата перспектива во локалните политики, поконкретно ќе се спроведува родова анализа на нивните програми, креирање на документи (Методологија и Прирачник) за собирање на родово разделени податоци, а ќе се работи и на развивање на алатки за вклучување на родовите аспекти во локалните политики за испорака на општински услуги. Предвидено е и пилотирање на алатките кај заинтересирани општини на национално ниво, креирање на тренинг програма за вклучување на родовите аспекти во испораката на општински услуги, создавање на дата база на локални експерти за родови прашања што ќе ги имплементираат алатките, како и   следење и известување на прогресот и идентификување и споделување на најдобри пракси помеѓу сите општини. Во согласност со можности и капацитети, ЗЕЛС ќе даде поддршка и при организирање на  ,,форуми во заедницата“ за избор на приоритетни проекти во областа на управување со отпад во пилот општините, а ќе бидат вклучени и соодветните мрежите на општински службеници од соодветни области, што се формирани во ЗЕЛС при размената на информации, одржување на работилници, обуки и споделување на добри примери.

Проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“ е инициран и спроведуван од  Шведската асоцијација на локални власти (САЛАР) поконкретно SALAR International, финансиран е од Владата на Шведска, преку Шведската агенција за меѓународен развој (СИДА), а во нашата земја се реализира во соработка со ЗЕЛС, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за локална самоуправа и други национални и регионални субјекти.