Започна нов циклус на обуки за стекнување со лиценца за водење на постапки за отуѓување и давање под закуп на државно градежно земјиште

 

 

 

ЗЕЛС во соработка со Министерството за транспорт и врски (МТВ), на 21 февруари, 2024 година во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот, организираше нов циклус на почетна обука на кандидатите од општините за стекнување на овластување за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште во државна сопственост. Интересот за обуките е голем од причина што повеќе општински службеници треба да ја обноват претходно стекнатата лиценца, чие времетраење е пет години. Исто така, во некои од единиците на локалната самоуправа, дел од лиценцираните службеници заминуваат во пензија или на друго работно место, со што се нарушува потребниот број на лица што во согласност со законските прописи, општината треба да го обезбеди, а некои општини вработуваат нови службеници во оваа област.

Вкупно 65 кандидати од општините, со статус на административен  службеник од  редот на раководни или стручни административни службеници се пријавија на огласот што на 31 јануари, 2024 година го објави Комисијата за следење на процесот на организирање и спроведување обука и испит објави огласа. Стручната служба на ЗЕЛС, по извршената проверка за исполнетост на условите на кандидатите, ги информираше пријавените за термините за следење на почетната обука. На почетната обука, присутните, поделени во две групи, имаа можност да се запознаа со законската регулатива од оваа област. Станува збор за една динамична материја проследена и со одредени измени во прописите, но истовремено и комплексна од аспект на имотноправните и другите постапки што треба да се спроведуваат. Лицата што ја проследија почетната обука ќе имаат можност да го полагаат теоретскиот, а потоа и практичниот дел од испитот за што ќе добијат дополнително информирани. Полагањето се спроведува електронски, во Испитниот центар на Европскиот универзитет, а резултатите се објавуваат на веб- страницата на ЗЕЛС (www.zels.org. mk) веднаш по завршувањето на испитот.