„Претставување на реформски концепти од регионот на CORE партнерството“ -тема на тркалезната маса организирана во ЗЕЛС
„Претставување на реформски концепти од регионот на CORE партнерството“ беше темата на тркалезната маса што ја организираше ЗЕЛС, на 6 март, 2024 година во просториите на административната зграда на Заедницата. Тркалезната маса беше организирана во рамките на Партнерството за конкурентен регион (CORE), поддржано од Германската развојна соработка спроведено од ГИЗ, каде ЗЕЛС е партнер и акредитиран носител за сертификација на општини со поволно деловно опкружување согласно меѓународната BFC SEE програма за сертификација на градови и општини во Југоисточна Европа. ЗЕЛС ги разгледа понудените добри примери понудени во брошурата што е изработена во рамките на CORE и издвои три концепти. Првиот беше добра практика од Албанија, а се однесува на „Регистрација на данок и административни услуги“. Втората избрана тема беше практичен пример од Република Српска, Босна и Херцеговина а се однесуваше на „Воспоставување систем на транспарентност и заштита на даночни обврзници“ и третата се однесува на ,,Реформа за развојно планирање“ што се применува во Федерација, Босна и Херцеговина. На тркалезната маса учествуваа претставници од општините, од Министерство за финансии и МИОА, како и од релевантни домашни и странски институции. За презентирање на добрите практики се користеше видео –врска со експертите од другите земји, а во ЗЕЛС дојдоа претставници од НАЛЕД кои дадоа директен придонес на овој настан. Тие ги презентираа реформите, нивното воведување и влијание што го имале во нивните држави.
BFC SEE програмата обезбедува за општините јасни насоки за унапредување на своите перформанси, ниво на квалитет и ефикасност на услуги кон приватниот сектор, како и конкурентност на локалното стопанство на регионално и меѓународно ниво. За стопанството и инвеститорите кои сакаат да ги пренесат или прошират своите дејности, BFC SEE обезбедува стабилно и предвидливо деловно опкружување и помага во идентификација на општини кои нудат најдобри услови за вложувања и имаат најголем потенцијал за развој во Југоисточна Европа. За државата, BFC SEE програмата претставува јасен сигнал кои општини имаат потенцијал за локален економски развој, и кои од нив би требало натаму да се поттикнуваат во создавање подобар деловен амбиент. Партнерството за конкурентен регион (CORE), покрај ЗЕЛС, вклучува повеќе од 20 институции од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово.