Исчекор кон интегриран систем за управување со отпад, општините во Северна Македонија усвојуваат локални акциски планови за управување со отпад
14 општини во Пелагонискиот и Југозападниот регион успешно ги развија и ги усвоија своите локални акциски планови за управување со отпад (ЛАП), исчекор кон промовирање на Интегрираниот регионален систем за управување со отпад во земјата. Овие активности се реализираат во рамките на Проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“ инициран и спроведуван од Шведската асоцијација на локални власти (САЛАР) поконкретно SALAR International, финансиран од Владата на Шведска, преку Шведската агенција за меѓународен развој (СИДА), а во нашата земја се реализира во соработка со ЗЕЛС, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за локална самоуправа и со други национални и регионални субјекти. Овие планови, развиени од општините и технички поддржани од САЛАР Интернешенал (SALAR International), означуваат колективна посветеност за подобрување на практиките за управување со отпадот во Северна Македонија.
ЗЕЛС веќе има дефинирано стратешка определба за реализирање на активности кои ќе придонесат кон исполнување на целите на Зелената агенда, промовирање на циркуларната економија и инклузивната испорака на услуги. Меѓу другото, останува приоритет и поддршката на интервенциите во животната средина и управувањето со отпад во земјата. Затоа токму овие локални акциски планови (ЛАП) ќе значат основа кон обезбедување на квалитетни услуги во областа управувањето со отпад. Така, воведување систем за селекција на отпад и собирање на одделни текови отпад, како и намалување на количината отпад што завршува на депониите се едни од активностите кои се предвидени со овие планови. Дополнително, тие се фокусираат и кон подигање на свеста во заедниците во однос на одржливите практики за управување со отпадот. Акциите наведени во ЛАП-овите се развиени со силен акцент на промовирање на пристапот заснован на човековите права и родовата еднаквост, успешно придонесувајќи за исполнување на стратешкиот фокус на Заедницата да ги интегрира родовите перспективи во локалните политики и планови. Ова значи дека акциите подеднакво ќе ги опфаќаат и потребите на маргинализираните групи, истовремено поведувајќи грижа услугите за комунален отпад да се оптимизирани за подобро да се приспособат на потребите на заедницата.
Користејќи ги извлечените поуки во текот на процесот на креирање на ЛАП-овите, заедно со САЛАР Интернешенал, ЗЕЛС успешно придонесе за развој на методолошки алатки за локално акциско планирање што може да послужи како основа за развој на инклузивни локални акциски планови за управување со отпад во други региони и општини надвор од оние кои се опфатени со проектот. ЗЕЛС останува посветена на поддршката на општините за унапредување на испораката на услуги на локално ниво.
Локалните акциски планови кои досега се изработени се достапни на следниве линкови: