Општина Кавадарци добитник на наградата „Зелени шампиони„ на Западен Балкан, во категоријата „Практиката за одржливо земјоделство“

Општина Кавадарци е добитник на наградата „Зелени шампиони“ на Западен Балкан, во категоријата „Практиката за одржливо земјоделство. Изборот е направен од страна на Комисијата за оценување за освојување на оваа награда во категоријата ,,Иновации и креативност во решавањето на еколошките предизвици – загадувањето“. Претставници од општините победници, во петте категории награди, меѓу кои и претставници од Општина Кавадарци, своите решенија ги презентираа на вториот форум – „Зелена агенда на локалните самоуправи во Западен Балкан“, што се одржа на 19 април, 2024 година, во Бар, во рамките на обележувањето на дваесетгодишнината на НАЛАС. Овој форум беше организиран во соработка со ГИЗ и Отворен регионален фонд за ЈИЕ- Енергија, транспорт и заштита на климата.

Станува збор за самостојно аплицирање на општина Кавадарци, со своја добра практика на објавениот конкурс, „Зелени шампиони на Западен Балкан“,  во организација на НАЛАС и Регионалниот совет за соработка (РЦЦ). Целта на конкурсот е да се промовираат добри искуства во области сродни со целите на Зелената Агенда како: декарбонизација, одржлив превоз, поттикнување на ангажманот на заедницата и свеста за циркуларната економија/животна средина, иновативност и креативност во справувањето со еколошките предизвици – намалување на загадување, одржливи земјоделски практики, посветеност на заштита на животната средина и биодиверзитетот.  

На форумот беа поканети повеќе од 100 учесници кои обезбедија исклучително корисна платформа за дискусија во која се вклучија и победниците кои говореа за спроведувањето на Зелената агенда, прикажувајќи ги нивните иновативни и еколошки одржливи решенија. Свои видувања изложија и градоначалници од повеќе градови од ЈИЕ, како градоначалничките на Сараево и на Подгорица и градоначалниците на Ријека и Бар, кои информираа дека посветено работат на многу зелени проекти, но со скромни финансиски ресурси и апелираа до централните власти да обезбедат повеќе средства за проекти од оваа област. 

На претходно објавен повик за пријавување за признание /награда 2023 ЗЕЛЕНИ ШАМПИОНИ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, во организација на (НАЛАС) и Регионалниот совет за соработка (РЦЦ) промовирање на практики во области сродни со целите на ЗЕЛЕНАТА Агенда како: декарбонизација, одржлив превоз, поттикнување на ангажманот на заедницата и свеста за циркуларната економија/животна средина, иновативност и креативност во справувањето со еколошките предизвици – намалување на загадување, одржливи земјоделски практики, посветеност на заштита на животната средина и биодиверзитет.