Надзорниот одбор на ЗЕЛС ја одржа петтата седница

Надзорниот одбор на ЗЕЛС на 12 јуни, 2024 година,  ја одржа петтата седница на која дискутираше за Финансискиот извештај на ЗЕЛС и Наративниот извештај за активностите на ЗЕЛС реализирани во 2023 година. Беше констатирана реализација од 90% на буџетот, на приходната страна, како и на трошоците. Беше посочено дека состојбата со буџетот оваа година е многу подобра од минатата, каде сбеше констатирана мала загуба. Поголемиот дел од расходите ги опфаќаат одржувањето на електронските системи, спроведувањето на обуки за општинската администрација и тековни трошоци за плати. И во 2023 година во однос на приходите останува предизвикот со целосната наплата на членарината на членките. Бројките покажуваат дека заклучно со 2023 година долгот е околу 23 милиони денари, додека ако се вклучи и 2024 година, тој би изнесувал околу 35 милиони денари. И покрај достапните механизми за исплата на долгот на рати, се уште голем број на општини редовно не ја спроведуваат оваа обврска кон ЗЕЛС. Оттука, беше даден апел за редовно плаќање на членарината и користење на утврдените можности за склучување на договор со ЗЕЛС  за исплаќање на долгот на рати. Надзорниот одбор даде позитивно мислење за предлог Финансискиот и наративниот извештај на ЗЕЛС за 2023 година и му предложи на Генералното собрание на ЗЕЛС да ги усвои. Под точката разно, беше апелирано доколку продолжи трендот на ниска наплата на членарината да се размисли за воведување на нови мерки со кои наплатата би се подобрила.