Публикуван „Годишен извештај на ЗЕЛС за 2023 година“
ЗЕЛС подготви публикација „Годишен извештај на ЗЕЛС за 2023 година“ што претставува уште една форма на комуникација, преку која обезбедува поголема транспарентност во своето работење. Публикацијата е отпечатена на македонски и на албански јазик, а на англиски јазик е издадена во електронска форма и е поставена на веб страната на ЗЕЛС. Во Годишниот извештај се прикажани активностите и резултатите реализирани во текот на годината, како и приходите, расходите и Ревизорскиот извештај за 2023 година. Во оваа публикација е прикажано работењето на органите и телата на ЗЕЛС, детектирањето на предизвиците на локалната власт, лобирањето за нивно надминување, како и реализираните активности. Посочени се активностите на Управниот одбор на ЗЕЛС, на Генералното собрание, на Надзорниот одбор и на Комитетот на советите, како најзначајни органи во работењето на ЗЕЛС и главните прашања за кои тие дискутираа на своите седници. Прикажани се и резултатите од работењето на ЗЕЛС тренинг центарот чија задача е јакнење на капацитетите на општинската администрација како резултатите на ЗЕЛС единицата за поддршка на општините за проведување на електронските услуги. Од не помало значење е и континуираното информирање на своите членки -единиците на локалната самоуправа како и реализацијата на бројните проекти што ЗЕЛС ги реализира со домашни и странски институции. Овој извештај се усвојува од Генералното собрание на ЗЕЛС. Примерок од публикацијата добива секоја општина.