ЈАВЕН ПОВИК за избор на наставници од основните училишта во Пелагонискиот и Југозападниот Регион за учество во едукативна програма за отпад

 Проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“ кој е финансиран од Сида, а имплементиран од САЛАР Интернешнл има цел да ги подобри практиките за управување со отпад во избрани општини во Северна Македонија. Преку збир на активности, проектот става посебен акцент на важноста од таргетирани едукативни активности и кампањи за подигање на јавната свест кои се неопходни за да се постигне трансформациска промена во управувањето со отпадот. Едукативната програма наменета за пилот општините во Пелагонискиот и Југозападниот регион (Битола, Прилеп, Новаци, Охрид, Кичево и Пласница), ќе им помогне на наставниците од основните училишта да се стекнат со продлабочени и современи знаења за теми од одржливото управување со отпадот кои ќе може континуирано да им ги пренесуваат на своите ученици. Обуката, која нуди холистички преглед на актуелните теми од животната средина, ќе им обезбеди на наставниците теоретско знаење и дидактички материјали за изведување практични вежби. Повикот е отворен до 08 јули 2024 година и може да се најде на следниот линк:

https://salarinternational.se/salar/aboutus/recruitments/recruitment/callforapplicationswastemanagementeducationalprogramme.82579.html

 

ЈАВЕН ПОВИК