Посета на вработени од општина од Украина на Радовиш
Претставници на општина Камиантес-Подилски, од Украина, оваа недела престојуваат во Радовиш, како дел од проектот, финансиран од Европска Унија, а во нашата земја организирана од ЗЕЛС и НАЛАС.
Уште поинтересен е фактот дека овие две општини се одамна збратимени, но комуникацијата била прекината пред пандемијата во 2020 година. Ова е шанса да се обноват конекциите и комуникацијата, а целта на проектот е да се разменат најдобрите искуства и практики, кои општините ги имаат во однос на своите граѓаните.
Средбата започна во понеделник , со официјална средба со градоначалникот Ацо Ристов, со претставници на ЗЕЛС и НАЛАС и претставници на општината Радовиш, кои се одговорни за спроведување на целата програма. Се разменија желби за успешен престој, кратко претставување на сите субјекти, инволвирани во овој проект, како и очекувања за понатамошна соработка.
Согласно агендата се предвидува другите денови да се одржат низа презентации за активностите на општина Радовиш поврзани со урбанизмот, ПР и комуникации, процесот на носење одлуки, граѓански активности и нивна вклученост во носење на одлуките, социјалната одговорности заштита на природата.
Се предвидува и посета на Центарот за рамномелен регионален развој.