Седница на Комисијата за следење на развојот на системот на финансирање на единиците на локалната самоуправа
На 2ри октомври во просториите на ЗЕЛС се одржа 51та сединица на Комисијата за следење на развојот на системот на финансирање на единиците на локалната самоуправа.
Во рамки на седницата членовите на комисијата ги разгледаа предлог уредбите за распределба на средства за општините од блок дотации за 2025 година и тоа: Предлог уредба за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2025 година, Преглог уредба за методологија за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за основно образование по општини за 2025 година, Предлог уредба за методологија за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за средно образование по општини за 2025 година, Предлог уредба за методологија за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации од областа на културата во 2025 година, Предлог уредба за методологија за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за јавни установи за деца – детски градинки и центри за ран детски развој во состав на детските градинки по општини за 2025 година и Предлог уредба за методологија за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации за јавните установи за социјална заштита – домови за стари лица за 2025 година.
На состанокот беа упатени забелешки за начинот на кој се усвојуваат предлог уредбите без претходно да се консултираат и да добијат согласност на оваа Комисија и ЗЕЛС. Дел од коментарите во однос на предлог- уредбите беа дека не ги следат доволно инфлаторните притисоци со соодветно зголемување, за да може општините целосно да ги покријат настанатите трошоци. Исто беше нагласено дека е потребно на општините да им се даде поголема самостојност во управувањето со средствата од блок дотациите, бидејќи тие најдобро ги знаат приликите на терен. Претставниците од локалната власт укажаа и на потребата за промени во одредени административни процедури поврзани со користење на овие средства, особено во делот на добивање на согласности од централната власт, особено при вработувањето на наставен кадар во училиштата и градинките, за што треба претходно да се обезбеди одобрение од ресорното министерство и Министерството за финансии. Ова придонесува за застој во постапките за обезбедување на соодветен кадар за да одговори на потребите на граѓаните. Присутните побараа што побрзо да се воведат најавените реформи во образованието и детската заштита со цел соодветна распределба на средства согласно воведени стандарди. Исто побараа да се актуелизира и прашањето за зголемување на процентите на ДДВ и персонален данок кој треба да припадне на општините, бидејќи сегашните не обезбедуваат финансиска самоодржливост за многу локални самоуправи.