Средба на претседателството на ЗЕЛС со народниот правобранител
Претседателот на ЗЕЛС, г-дин Орце Ѓорѓиевски и потпретседателот на ЗЕЛС г-дин Висар Ганиу, во просториите на ЗЕЛС остварија средба со Народниот правобранител на Република Северна Македонија, г-дин Насер Зибери и претставници од неговиот кабинет како и претставници на проектот “ЕУ поддршка за владеење на правото”. Целта на средбата беше претставување пред претседателството на ЗЕЛС со тековниот проект, кој веќе е во втора фаза и вклучува средби со градоначалниците, раководителите на сектори по општините за да се дискутира за динамиката на одговор на општините за претставките кои доаѓаат од граѓаните, се дискутира кои се најчестите области за кои граѓаните поднесуваат претставки и слични теми од интерес за двете институции. Веќе се реализирани средби во општините Штип, Струмица, Кавадарци и Пробиштип и оттаму се изнесени многу добри препораки кои понатаму откако ќе се реализираат средби и во други општини ќе се изготви извештај со препораки и наоди кои ќе бидат споделени со општините и јавноста и целта е да придонесат кон подобрување на комуникацијата граѓани – институции и подобрување на услугите кои се испорачуваат.
ЗЕЛС останува отворен да помогне во олеснување на комуникацијата со општините и овозможување на овие средби кои треба да се случат во следниот месец, од канцеларијата на народниот правобранител ќе достават план на посети по општините, а веќе во следната фаза на овој проект се предвидени и директни средби со граѓаните за што беше побарана соработка со општините во овозможување на простории и логистика за овие средби.