Потпишан договор за донација на возила на ЗЕЛС, за општините Зрновци и Центар Жупа
Во просториите на ЗЕЛС, денес градоначалникот на Центар Жупа, г-дин. Аријан Ибраим и градоначалникот на Зрновци г-дин Борчо Коцев, во присуство на претседателот на ЗЕЛС, г-дин Орце Ѓорѓиевски и потпретседателот на ЗЕЛС г-дин. Висар Ганиу ги потпишаа договорите за примопредавање на две користени возила на ЗЕЛС. Станува збор за возила марка ,,опел“, од кои едното е караван, што се произведени во 2008 година. Овие возила беа доделени низ транспарентен процес со донесена одлука од членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС на последната седница одржана во Кавадарци. На оваа одлука претходеше предлог донесен од формирана Комисија за распределба на двете користени возила на ЗЕЛС, во состав на градоначалниците на општините: Македонски Брод, Жарко Ристески; на Студеничани, Азем Садики и на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.
За изборот беа утврдени следните критериуми:
1. Општината да ја платила членарината кон ЗЕЛС заклучно со 2023 година;
2. Општината да има реална потреба од возило што ќе се утврди со бројот на возила кој во моментот го има во своја сопственост споредена и дополнително направена проверка на пријавениот број на возила на општините со оној утврден во Државна комисија за спречување со корупција.;
3. Општината да не биде поголема од 10.000 жители;
4. Општината да не припаѓа на скопскиот плански регион.
На повикот за изразување на интерес кој ЗЕЛС го достави до сите општини, беа пријавени вкупно 18 општини.