Различните тематските активности од областа на превенција да се интегрираат и координираат во едно општинско тело за превенција
Во организација на ЗЕЛС и Државниот совет за превенција на детско престапништво на 10 декември, 2024 година се одржа втората консултативна средба со претставници од општините од Скопскиот плански регион. Оваа средба е резултат на позитивно искуство од успешно организираната прва работилница на претставници од Локалните совети за превенција на детско престапништво од општини од Источен регион со членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво каде се разменија искуства и добри пракси за спроведени активности на локално за превенција на детско престапништво, а на која и тогаш и на оваа средба се зборуваше за потребата од работа на унифицирани формулари за програми и извештаи за работа на Локалните совети. Претставници на Државниот совет ги информираа претставниците од скопските општини за изработените предлог- Годишна Програма за работата на општинските совети за превенција на детско престапништво и предлог-Извештај за работа на општинскиот совет на превенција на детско престапништво, кои беа споделени во јуни до сите општини од страна на ЗЕЛС. Беа истакнати добрите примери на посветени општини и функционални Локални совети за превенција од Битола, Велес, Пробиштип, Радовиш, Кавадарци, како и од неодамна формираниот совет за превенција на детско престапништво во Тетово. За сите нив е заедничка посветеноста на координаторот од општината, но и на ангажираноста на претставници од Центрите за социјални работи како членови во ова тело. При тоа се нагласи потребата од интегрирање на повеќето општински тела во едно локално тело/совет за превенција во општината кое ќе обединува повеќе теми од областа на превенцијата( детско престапништво, млади, насилство и др). Овој предлог би довел до интегрирање на надлежностите и правилно искористување на оскудните човечки ресурси во општините кои покриваат повеќе надлежности и од кои се очекува да ја координираат работата на телата кои им се наложуваат да се формираат согласно многубројните закони. Во таа насока беше даден и предлог од член на Државниот совет за превенција на детско престапништво да се понуди систематизирано решение за формирање на Совет за превенција на детско престапништво или општо за превенција, а да се уреди со Законот за локална самоуправа. За тоа треба да бидат информирани и од Министерството за локална самоуправа, но и да се формира работно тело со претставници од повеќе вклучени страни кои би понудиле практично решение за функционирање на Совет за превенција од детско престапништво, кое ќе прифатливо и за локалните самоуправи и за надлежното министерство. Во спротивност, ќе треба да се користи и една од непопуларните мерки за казнување на општините поради неформирањето на овие локални совети, што е последна мерка која би ја презеле од Државниот совет за превенција на детско престапништво.
Општините се свесни за важноста од оваа тема и спроведувањето на активности за превенција, но мора да се земат во предвид и недоволното финансиски средства и човечки ресурси во општините за да може да функционираат и овие тела. Се укажа на можноста на соработка со граѓанските организации и општествено одговорни компании кои би дале поддршка за спроведување на мерки и активности од Програмите за превенција на детско престапништво во општините. Центрите за социјална работа во општините ги имаат информациите и податоците и тие најдобро знаат да ги мапираат потребите во општините, но за да има подобра координација и соработка е неопходно тие да се децентрализираат.
Вакви средби се планирани и со останатите општини од другите плански региони.