Намалување на загадувањето од домаќинствата, индустријата и транспортот, до почист воздух
Планската програма за почист воздух 2026-2030 на Владата беше предмет на дискусија на координативната средба организирана од Изет Меџити, министер за животна средина и просторно планирање и вицепремиер во Владата. На координативното состанок, ЗЕЛС го претставија Орце Ѓоргиевски, претседател на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Висар Ганиу, потпретседател на ЗЕЛС и градоначалник на општина Чаир, и Душица Перишиќ, извршна директорка на ЗЕЛС.
Претставениот програмски пакет содржи цели за намалување на емисиите на честички од домашните ложишта, од јавните објекти и од индустриските процеси, намалување на палењето на недозволиви материјали, зеленило и шуми и намалување на емисии од транспорт. Опфатени се главните области кои влијаат на загадувањето на воздухот: енергетика, индустрија, транспорт и земјоделство. Одговорни за реализација на проектите ќе бидат институции и на централно и на локално ниво.
Општините имаат улога во сите области. Во делот на намалување на емисијата на честички од домашни ложишта (енергетика), е предвидено преку воведување на комуналната полиција, да се опфати и надлежност за превенција и контрола над палење недозволени материи во домаќинствата и над палењето или горење на штетни материи на отворено. Душица Перишиќ, извршната директорка, информира дека ЗЕЛС има подготвено текст на Закон за оџачарска дејност и е во насока на намалување на високите концентрации на PM10 и PM2.5 честичките, што во зимскиот период се во големи концентрации токму поради начинот на греење на индивидуалните домаќинства. Предлог законот обезбедува: контрола на емисиите од домаќинствата, подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух, формирање нови образовни паралелки, отворање нови работни места, развој на занаетчиство, исполнување на законски обврски за спроведување на мерки согласно Акцискиот план донесен од Владата, целосно контрола од страна на локалните власти, и финансиски придобивки за локалната самоуправа.
Владината планска програма предвидува објектите на општините кои користат мазут или цврсти горива за загревање или технолошки потреби да се заменат со чисти технологии на згревање. Во урбаните средини да се ограничи употребата на системите кои загадуваат, и тоа уште во фаза на планирање и проектирање или реконструкција на објектите, со тоа што урбанистичките планови по четврти треба да определат и дозволени системи за греење на објектите кои се предвидени во планот. Во одредени урбани четврти, објектите ќе бидат ограничени да користат греење без емисија (централно, топлински пумпи и сл.). Со ширење на достапноста на централното греење, мрежа на гас и на електрична енергија, ќе се регулираат можностите за новоизградените, или реконструирани објекти.
Во Законот за индустриски емисии детално ќе се уреди и употребата на цврсти горива во индустријата, емисијата на цврсти честички , мерење на емисијата, што ги опфаќа и Б-еколошките дозволи под надлежност на општините. Ова се надополнува и со зајакнување на работните процеси во инспекцијата, односно интеграција на работата на инспекторатите за животна средина на национално и локално ниво.
Забрзување на реализација на организациска поставеност на регионалните центри за управување со отпад, затворање на локалните депонии, управување со отпад во центри за секундарна селекција, искористување на енергијата и материјалите од отпадот и соодветно депонирање.
Во делот на транспортот, се предвидува јавниот возен парк (централно и локално), како и на јавниот превоз), да транзитира кон возила без емисија на цврсти честички, а за такси превозот ќе отпочне програма за субвенционирање на набавка на електрични и на гас такси возила.
За контрола и управување со емисиите при алармантни состојби во одредени региони, централната и локалните власти може да постапуваат со ургентни, краткотрајни, интервентни мерки, како што забрани за користење на одреден вид горива, забрани и прекини на работа, контрола на сообраќајот, пренасочување, реорганизација на работно време, годишни распореди на работа,
За домаќинствата, Владата во следниот пет до осумгодишен период планира да го спроведе и проектот за греење без емисии со изградба на когенеративни гасни централи, натаму топлински пумпи и високо ефикасни котли.
На состанокот присуства и првите луѓе на министерствата за енергетика, рударство и минерални суровини и за локална самоуправа, заменик министерката за транспорт и врски, заменик министерката за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина, Национални шуми.