Работна средба меѓу претставници од општините и претставници од МЖСПП

Во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот, на 11 април, 2025 година, ЗЕЛС организираше работна средба на членови на Мрежата за животна средина и комунални дејности при ЗЕЛС со претставници од Министерството за животна средина и просторно. Средбата беше реализирана поради бројни укажувања од инспекторите за потребата од изнаоѓање на прецизни законски решенија за воедначено постапување при утврдувањето на потребната документација за издавањето на одобрението на елаборатот за животна средина. Особено беше нагласена  дилемата околу прибирањето на соодветна документација за одобрување на елаборатот во  постапка  со пренамена на објектот за вршење на дејноста . Исто така беа посочени и  зачестените појави на своевидно ,,злоупотребување“ на елаборатите за животна средина во однос на легалноста на објектот, како и во однос на запазувањето на законските обврски во делот на мерките за заштита и спасување.

На средбата беа изнесени и други прашања, поврзани со соодветното  имплементирањето на законите од животна средина, како во однос на постапување  на инспекторите само за  однос на вршење на дејноста или пак и за вршење на активности од страна на правниот субјект. Присутните ја нагласија  неопходноста за јакнење на инспекциските служби во општините и тоа не само во областа на животната средина, туку и за станатите надлежности, а пред се на бројот на градежните инспектори .

Претставниците од Министерството за животна средина и просторно планирање посочија дека со издавањето на елаборатот за заштита на животната средина целта е да се утврди дали со вршењето на одредена дејност ќе се предизвикаат штетни последици по животната средина и луѓето, односно да се утврди дали станува збор за загадувач или не.  Беше посочено дека утврдувањето на легалноста на објектот не во надлежност на инспекторот за животна средина. Заради усогласување со другите постапки беа дадени насоки при издавањето на елаборат за животна средина  да се обрне посебно внимание или да се побара и документот за пренамената  на просторот.  Оваа препорака се однесува за идните  постапки за одобрување на елаборатите за животна средина  кога има пренамена на објектот . Во делот на заштита и спасување  беше посочено дека  одобрението го  издава  соодветен  орган, додека за елаборатот за заштита на животната средина беше нагласено, во иднина, да се бара  поголем опис  околу планираните мерки што се планира да се обезбедат и спроведат при вакви ситуации 

Големото присуство на општинските инспектори за животна средина  на оваа работна средба е своевидна потврда за потребата од преземање на соодветни  иницијативи за  унифицирано и попрецизно регулирање на постапката при издавањето на елаборат за животна средина  на правните субјекти за кои е одговорна локалната самоуправа.

Бројното присуство на претставници од општините на средбата, само ја потврдија сериозната потребата за натамошно иницирање на соодветни законски измени во овој дел.