Втор повик за аплицирање за грантови за општините во рамките на проектот ,,Општините како двигатели на одржливиот развој“

Во рамките на проектот ,,Општините како двигатели на одржливиот развој“ на Програмата за развој на обединетите нации (УНДП), реализиран во соработка со Бирото за регионален развој, отворен е повик за поддршка на проекти за одржлив развој, за кои  општините може да добијат грант до 30.000 долари . Ова е втор повик за проекти за меѓу-општинска соработка (МОС) објавен на 3 јуни, 2025 година и ќе трае до 25 јуни, 2025 година, до 14:00 часот. На овој повик можат да конкурираат сите општини што не биле финансирани во рамките на првиот повик. 

Целта е да се поддржат напорите преку воведување иновативни алатки за рамномeрен регионален развој, насочувајќи се кон помалку развиените подрачја и кон подобрени модели на меѓу-општинска соработка во областите: Финансиско управување; Заштита на животната средина; Транспорт; Превенција, заштита и спасување од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човекот и други области што традиционално се предмет на политиката за регионален развој на ЕУ. Исто така, во рамки на овој повик, општините можат да аплицираат и ќе бидат поддржани да спроведуваат пилот-проекти кои се однесуваат на родовата еднаквост и проблемите идентификувани на инклузивен и партиципативен начин.

Времетраењето на еден проект во рамките на оваа грант шема изнесува 8 (осум) месеци. Вкупниот износ за овој повик изнесува 100.000 УСД. Општините може да поднесат апликации за грантови за проекти за МОС во висина до 30.000 УСД (изразени во МК денари) со кофинансирање од страна на општините во висина од најмалку 20%. Финансиските средства кои избраните ЕЛС ќе ги добијат во рамките на овој повик административно ќе се управуваат од страна на УНДП.

Општините што планираат да аплицираат, на следните  веб страници можат да ги преземат Оперативните насоки заедно со Формуларот за апликација, образец за буџет: www.undp.org.mk и https://brr.gov.mk/  , односно на следниот линк

 https://www.undp.org/north-macedonia/news/second-call-submission-grant-applications-within-framework-project-municipalities-drivers-sustainable-development