Покана за аплицирање за „Најдобра практика за IODP награда за учество на граѓаните“ до 30 април 2021 година

 Меѓународната опсерваторија за партиципативна демократија (IODP) (https://oidp.net/en/) ги поканува сите општински и регионални власти да ја разгледаат апликација за „Најдобра практика за IODP награда за учество на граѓаните“ и да достават свој предлог за 15-то издание на наградата. Крајниот рок за доставување предлози во кои треба да се препознаат иновативните искуства и јавните политики за учество на граѓаните, демократските иновации и отворена влада е 30 април 2021 година.

Предлозите мора да се достават на електронската пошта, award@oidp.net со целосен формулар за апликација и прилози, како што се слики, видеа, документи. На веб страницата на United Cities and Local Governments (UCLG) (https://www.uclg.org) може да се најдат повеќе информации за условите и начинот на доставување предлог. За наградата IODP аплицираат членките на оваа мрежа. Но, може да се стане членка на едноставен начин, само со пополнување на образецот за членство ( https://oidp.net/en/form.php) без никакви финансиски или правни обврски.

На веб страницата (https://oidp.net/distinction/en/) може да се најдат повеќе информации за термините (https://www.oidp.net/docs/repo/doc944.pdf) и како да се достави предлогот: (https://www.oidp.net/docs/repo/doc944.pdf)

 

Меѓународната опсерваторија за партиципативна демократија (IODP )

Меѓународната опсерваторија за партиципативна демократија (The International Observatory on Participatory Democracy (IOPD)) е меѓународна мрежа отворена за сите градови, организации и истражувачки центри заинтересирани за учење, размена и примена на искуства од партиципативната демократија на локално ниво. IOPD е дел од општинското движење претставено од глобалната организација Обединети градови и локални самоуправи (УЦЛГ).На годинешната конференција на ИОПД ќе се дебатира и шири свеста за моменталната состојба на партиципативната демократија во светот меѓу експерти и политички лидери, а преставува можност за зајакнување на соработката помеѓу градовите и меѓународните организации во областа на демократските иновации. Оваа година конференцијата ќе се одржи од 23-ти до 25-ти август во Абиџан, Брегот на Слоновата Коска, каде што ќе биде доделена наградата.