Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Mакедонија -ЗЕЛС, има потреба од вработување на: Еден (1) извршител на работно место Советник за нормативно - правни работи

 Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Mакедонија -ЗЕЛС, има потреба од вработување на:

 

Еден (1) извршител на работно место Советник за нормативно - правни работи

 

Општи потребни квалификации на еден (1) извршител на работно место Советник за нормативно - правни работи:

·       Државјанин на РСМ

·       Високо образование – Правен факултет;

·       Најмалку 5 години соодветно работно искуство во областа на нормативно - правните работи;

·       Напредно познавање на законската регулатива од областа на локалната самоуправа, работните односи и заштитата при работа, јавните набавки, заштитата на личните податоци.

·       Општи познавања на прописите со кои се уредуваат областите во надлежност на единиците на локалната самоуправа во Репбуликата.

·       Поседување на сертификат за спроведување на јавни набавки

  • Одговорен/а и подготвен/а да работи и независно и во тим
  • Компјутерски вештини MS Office апликации
  • Одлично писмено и устно познавање на англиски јазик,

 

o   Опис на работното место:

·       Подготовка на нормативно - правни акти, изготвување на решенија, договори во врска со остварување на правата од работен однос на вработените во стручната служба на ЗЕЛС.

·       Спроведување на постапки за јавни набавки согласно Закон и изготвување на пропратни правни акти во пoстапките, вклучително и следење на ажурноста и роковите во постапките за што навремено го известува непосредниот Раководител.

·       Изготвување на анализи, прибирање на систематизирани податоци за потребите на единиците на локалната самоуправа, обработка на информациите, изготвување на иницијативи за подобрување на прописите и други активности поврзани со развојот на системот на локална самоуправа во Републиката;

·       Следење на прописите предмет на работа на работните тела и органи на заедницата;

·       Изготвување и подобрување на работните текстови произлезени од работните тела и органи за ЗЕЛС;

·       Работникот врши и други работи кои ќе му ги определи непосредниот Раководител и Извршниот директор а се поврзани со делокругот на работа на ЗЕЛС.

·       Способности и вештини:

·       Комуникациски вештини, самоиницијативност и проактивност, висок степен на креативност и флексибилност, аналитичност, способност за решавање на проблеми, тимска работа, способност за работа под притисок на рокови, посветеност на работата.

 Начин на спроведување на избор на кандидат

·       Писмен испит за тестирање на знаење во кој ќе се содржат прашања од областите опишани како работни задачи и квалификации,

·       Интервју пред конечен избор на селектираните кандидати по писмениот испит.

 

Месечна плата:

 

o   За работна позиција е предвидена плата во нето износ од: 32.555,00 денари.

 

Биографијата и писмото за интерес треба да се достават во рок од 5 (пет) дена по објавување на огласот во дневен весник, на адреса: ЗЕЛС, Копенхагенска бр.5, Поштенски фах 32, 1000, Скопје или на contact@zels.org.mk.  

 

Само селектирани кандидати ќе бидат поканети на интервју.

 

Ве молиме без телефонски јавувања.