Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2) објавува јавен повик за општините од Полошки, Југозападен, Пелагонски, Југоисточен, Источен, Североисточен и Вардарски регион за учество во проектот ReLOaD2


Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) го спроведува ReLOaD2 проектот во: Албанија, Босна и Херцеговина (БиХ), Црна Гора, Косово*, Северна Македонија и Србија. ReLOaD2 започна на 1 јануари 2021 година и во текот на следните 4 години проектот има за цел да ја зајакне партиципативната демократија и интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ преку зајакнување на граѓанското општество и младите со цел активно учество во донесувањето одлуки и подобрување на правното и финансиското опкружување за граѓанските организации (ГОи). Проектот е финансиран од Европската унија, од Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Вкупната вредност на проектот е 13 милиони евра, а вредноста на компонентата од проектот за Северна Македонија е 1,24 милиони евра.

Општините од Полошки, Југозападен, Пелагонски, Југоисточен, Источен, Североисточен и Вардарски регион кои не учествуваа во претходната фаза на ReLOaD проектот се поканети да изразат интерес за учествуво во ReLOaD2. Со овој јавен повик, ќе бидат избрани 5 партнерски опшини кои ќе бидат поддржани во понатамошниот развој за транспарентно финансирање на проекти на ГОи.

Повеќе информации за аплицирање на Повикот на следниот линк: https://www.mk.undp.org/content/north-macedonia/en/home/library/reload-2-call-for-participants.html .