Донација на лап топ компјутери за 16 ученици од општина Куманово од Проектот „Зајакнување на локалните капацитети за спроведување на Агенда 2030 и принципот Никој да не биде изоставен“

Шеснаесет лап топ компјутери беа донирани во Општина Куманово со цел задоволување на образовните потреби на учениците од социјално ранливи семејства за учење од далечина. Корисници на уредите ќе бидат учениците од основните училишта од социјално ранливи семејства, а училиштата кои се под надлежност на општината, ќе бидат трајни сопственици на опремата.

На настанот беше потпишан Договор за донацијата, а пред присутните се обрати Градоначалникот Максим Димитриевски кој истовремено ја прими и се заблагодари за донацијата.
 
 

Донацијата е обезбедена во рамки на проектот „Зајакнување на локалните капацитети за спроведување на Агенда 2030 и принципот Никој да не биде изоставен“, имплементиран од ЗЕЛС, НВО Сонце и НАЛАС – Мрежа на асоцијации на локални власти од ЈИЕ, во соработка со GIZ, а во име на Германското Федерално Министерство за економска соработка и развој.

Целта на проектот е зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи за примена на успешни пристапи за зајакнување на економските, социјалните и културните човекови права на ранливите групи, како и интегрирање на принципот „Никој да не биде изоставен“ во процесите на планирање и донесување одлуки.