За добрите пракси за родово одговорно буџетирање во општините треба поголема и регионална промоција

 


Од 30 јуни до 2 јули, 2021 година во х. Белви, Охрид претставнички/ци од општините Струмица, Кочани, Свети Николе, Боговиње, Битола и Ѓорче Петров ги претставија и разменија добрите пракси за родово одговорно буџетирање во нивните општини, каде учествуваа и претставници од ЗЕЛС. Работилницата беше организирана од UN Women-  Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените, во рамките на проектот “Промоција на родово одговорни политики и буџети: кон транспаретно, инкулзивно и одговорно управување во Р.С. Македонија“, со цел презентирање, промовирање и учење од добрите пракси во општините кои се дел од програмата на UN Women  за менторска поддршка во интегрирањето на родовиот аспект во локалните политики и буџет.

Нела Масалкова, координаторка за еднакви можности од Општина Струмица зборуваше за начинот на воспоставување и функционирање на Шелтер центарот за жени жртви на насилство во Струмиц, а каде синергијата на општинските ресурси со невладиниот сектор дава позитивни резултати во утврдувањето на потребите на лицата од ранливите категории и развивање на соодветни услуги.

За програмите и мерките кои Општина Битола ги спроведува во делот на родовата еднаквост и успешниот  пример за воспоставување на инфраструктура за лица со попреченост во објекти во Битола зборуваше Виолета Налевска, координаторка за еднакви можности во Општина Битола. Таа заедно со раководите структури и родовата машинерија и нивните континуираните заложби и правилното утврдување на потребите на жените и мажите во општините се етаблира како една од најуспешните општини за родово одговорно буџетирање во земјата во изминатите 7 години.

За иновативниот модел за мобилен сервис за здравствени и социјални услуги во Општина Кочани и за начинот на соработка на општината со Министерството за здравство, Црвениот Крст во испорака на добра и услуги за стари и болни лица на територија на општина Кочани, особено за време на Ковид-19 кризата, зборуваше Љубинка Ајтовска, координаторката за еднакви можности и одговорна за односи со јавноста во општината. Општина Кочани е успешен пример и во одличната внатрешна комуникација при изработката и креирањето на програмите за работа во општината каде родовиот аспект е испочитуван и внесен.

 

Општина Свети Николе е успешна приказна за воспоставување на услуга за транспорт на жени од руралните средини, потреба препознаена од општината и воспоставена како пракса која беше претставена од страна на координаторката Славица Димова пред колешките/гите од другите општини.

Од општина Боговиње беше презентиран случај за отворање на центар за згрижување и воспитување на деца на територија на општината, додека од Општина Ѓорче Петров го претставија начинот на социјално мапирање и собирање на податоци за ранливите категории на територија на општината.

 

Како еден од заклучоците кои произлегоа од оваа дводневна работилница беше укажано на потребата од поширока промоција во земјата и на регионално ниво на овие и други општински пракси за родово одговорно буџетирање со цел поголема сензибилизација за родовата еднаквост кај одговорните лица, колегите во општините, но и за поттикнување на другите во креирање на нови услуги за жените и мажите согласно нивните потреби.

ЗЕЛС како Асоцијација на општините, како една од целите на работа е ваквите пракси да ги промовира и споделува на своите канали за  комуникација, како што е е-платформата за родово одговорно буџетирање,  но и на специјално организарни настани по тој повод.