Осумнаеста седница на Управниот одбор на ЗЕЛС

На 16 јули 2021 во просториите на ЗЕЛС се одржа осумнаесетата седница на Управниот Одбор на ЗЕЛС. На седницата се разгледа предлогот од Министерството за финансии за унапредување на процесот на фискалната децентрализација и зголемување на финансиската автономија на општините. Имено предлогот содржи неколку предлози во однос на зголемување на финансиската дисциплина, намалување и репрограмирање на доспеаните и неподмирени обврски, подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините, наградување на општините кои имаат подобра наплата на сопствените приходи преку фондот за перформанс и обезбедување на средства за општините кои покажуваат фискален напор преку фондот за воедначување. Со предлогот се предвидува постепено зголемување на процентот од ДДВ-то почнувајќи од 2022 година 5%, 2023 година 5,5% за 2024 година да достигне 6%,  со примена на нови критериуми за распределба и зголемување на процентот од ПДД од сегашните 3% на 6% и тоа со  постепено зголемување, 2022 година 4%, 2023 година 5% и за 2024 да достигне 6%. Овој процент  на зголемување ќе биде условен преку исполнување на условите предвидени со двата фондови тој за перформанс и за воедначување. Исто министерството предложи и нов модел на репрограмирање на обврските на општините и формирање на Агенција за локален и регионален развој по примерот на бугарската агенција специјализирана за заеми наменети за инфраструктурен развој.

Во однос на овој предлог Управниот Одбор изготви документ со предлози кој го испрати на до членовите на допрецизирање со кој ќе се излезе пред Владата на РСМ. Инаку, барање на ЗЕЛС, а согласно Систематизираните ставови на ЗЕЛС, кој документ е веќе доставен до Владата, е 10% од ДДВ и 50% од ПДД да се распредели на општините.

На седницата беше разгледан и предлогот од Министерството за култура во однос на децентрализација на културните институции. ЗЕЛС уште еднаш ги потенцираше своите ставови дека треба да има јасни критериуми за децентрализација на културните установи на локално ниво и соодветно да добијат и средства за истите, таму каде се планира децентрализација на установите, таму каде што веќе има формирано нови и за општините кои имаат активности во рамките на оваа надлежност.

Управниот одбор заклучи дека во рамките на работното тело формирано за продлабочување на децентрализацијата но и со директни преговори со Владата уште еднаш ќе би афирмира своите ставови предвидени со документот Систематизирани ставови на ЗЕЛС.