Образование водено од реалните потреби на учениците – паметно инвестирање во наставниот кадар и инфраструктурата
Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денеска учествуваше на јавната дискусија со наслов Образование водено од реалните потреби на учениците- паметно инвестирање во наставен кадар и инфраструктура. Настанот беше организиран од УНИЦЕФ, а учество земаа и министерството за образование и наука, невладината организација ЗМАИ и ЗЕЛС, претставен од претседателот.
Секој од учесниците во дискусијата имаше свое мислење и свои предлози, но сите се сложиа во едно, нешто мора да се менува во образованието, за да добиеме повисок квалитет на истото, пописмени ученици и позадоволен наставен кадар. Не смее да се дозволи, знаејќи го фактот дека имаше препишување, просечната оценка во образованието да ни биде 2.8, а ние како земја да се најдеме на дното по методата ПИСА.
Рационализацијата е нешто што мора да се направи, но исто така и да се вети дека никој нема да остане на улица и без работањ.
Претседателот на ЗЕЛС, Ѓорѓиевски, во своето обраќање ги изнесе заедничките ставови на сите општини, дека всушност ние и немаме децентрализација во образованието и дека сретствата од блок дотациите само поминуваат низ општинските сметки, додека голем дел од сопствените сретства општините даваат за разни потрошни материјали, разни помагала, како и за одржување на училиштата. Затоа ние максимално се согласуваме со предлогот на УНИЦЕФ, да се обезбедат сретства по ученик. При тоа да се зематт во обзир сите различитости на општините и секоја да добие толку колку навистина е потребно за спроведување на оваа надлежност.
На крајот од настанот публиката имаше можност да постави прашања и дел од нив тоа го сторија, но прашањата беа упатени најмогу кон министерката Јаневска.