Сочувство од ЗЕЛС на семејствата и блиските на жртвите од трагичниот пожар во Кочани

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија со длабока тага изразува  жалење за страотниот пожар во Кочани, кој однесе премногу млади животи, синови и ќерки на оваа земја. На семејствата на жртвите и на нивните блиски им изразуваме длабоко сочувство за огромната загуба,  а на повредените што поскоро да закрепнат. 

Изгубивме младина која само што започна да ја гради својата и иднината на нашата земја. Млади луѓе на кои им се воодушевувавме на нивниот ентузијазам и сила. Тие беа нашата гордост и нашата верба дека не чека светла иднина. Загубата е ненадоместлива, а тагата многу длабока. Затоа ЗЕЛС дава силна поддршка на органите на прогонот да ги утврдат причините за трагедијата и да ги соопштат на најтранспарентен начин за да вакво нешто никогаш и никаде не се повтори. 

Почивајте во мир, наши млади ангели!