Објавен јавен повик за општините за учество во Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD 3)

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3) има цел  да ги зајакне партиципативните демократии и процесот на интеграција во ЕУ на Западен Балкан, придонесувајќи за забрзан одржлив развој на регионот.

Основната цел е го поттикне граѓанското општество активно да се вклучи во одлучувањето на локално ниво и развој на граѓанскиот надзор, истовремено стимулирајќи ги властите да создадат политика за поддршка, правна и финансиска средина за развој на граѓанското општество.

Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3) се надоврзува на претходните две фази од регионалната иницијатива – ReLOaD1 и ReLOaD2, спроведена во периодот 2017-2024 година во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, С. Македонија и Србија.

Предвидено е Програмата ReLOaD3 да опфати 72 партнерски локални самоуправи во текот на 48 месеци.

Во С. Македонија, Програмата ќе биде партнер со 5 локални самоуправи, четири нови партнери и еден партнер вклучен во претходните фази (ReLOaD1 и ReLOaD2).

Повеќе информации за програмата и за аплицирање на Повикот може да пронајдете на  следниот линк