Социјална инклузија и квалитетни социјални услуги со поддршка на силни Асоцијации на општини, локалните самоуправа и локални здруженија
На 10 и 11 јуни, во Драч Албанија се одржа дводневен завршен регионален настан на кој се сумираа резултатите и споделија искуства кои ги имаа Асоцијациите на општини и општините учеснички и даватели на услуги од Западен Балкан, во рамките на тригодишниот проект “Регионална соработка за подобра социјална инклузија на локално ниво“, кој го имплементираше НАЛАС со финансиска поддршка на ГИЗ, а во партнерство со Асоцијациите на општини.

Општините Куманово и Делчево како пилот општини од земјата беа претставени со своите добри пракси и иновативни под услуги кои ги воведуваат во рамките на концептите кои ги развија во проектот, со цел подобра социјална инклузија на корисниците, лицата со посебни потреби во своите локални заедници. Голем интерес кај колегите од регионот имаше за воведената пракса за рехабилитација и реинтеграција преку работно ангажирање на лицата со лесна и умерена телесна попреченост во „Порака Наша“ Куманово. Претставничката од ова Здружение ги престави активностите кои беа спроведени кај нив која е всушност уште една под услуга во “Порака Наша“ важна за нивната само одржливост. Станува збор за печатење на репрезентативни материјали(стаклени и порцелански чаши, шишиња за вода, торбички) од страна на корисниците со помош на вработените на преса која беше обезбедена од проектот за вклучување на родовата димензија во социјалните услуги.
Од Општина Делчево пак програмите за образование на лица со попреченост кои ќе бидат стандардизирани и акредитирани од Центарот за образование на возрасни побудија интерес кај колегите кои дознаа повеќе за постапката за стандардизација и акредитација на програми за образование на возрасни. Она што е иновативно е дека ваква програма за образование за возрасни за лица со попреченост во нашата земја немало до сега. За првпат, „Бравура Кооператива“ од Делчево разви програма која ќе им овозможи на нивните корисници, но и на други од Источниот регион да се стекнат со вештини и знаења во шиење на горна облека, и со тој сертификат кој ќе го стекнат по завршена обука да станат конкурентни на пазарот на труд и со тоа да се осамостојуваат и добиваат некој дополнителен приход. Секако, претходно ќе им се направи стандардизирана индивидуална работна проценка на корисниците, за што во рамките на овој проект беа преведени и локализирани стандардизираните инструменти за проценка на работна способност кај лицата со попреченост: Индекс на работна способност – ИРС; Стандардизиран инструмент за проценка на конкретна работна способност – ПРИ и Стандардизиран инструмент МОХОСТ. Вработените од двата даватели на услуги од Куманово и Делчево: “Порака Наш“ и “Бравура Кооператива“ добија и обуки од експерт за како да ги користат овие инструменти кои за првпат се воведуваат кај нас. Претставниците од овие две општини и даватели на услуги зборуваат и за другите активности кои ги спроведоа во нивните општини во рамките на овој проект како што е социјалното мапирање и размена на искуства преку Кластер за учење.
ЗЕЛС кој е имплементирачки партнер на проектот “Регионална соработка за подобра социјална инклузија на локално ниво“ користејќи креативни форми на претставување на резултатите ги презентираше пред сите земји учеснички на табла во т.н. „маркет на производи“. ЗЕЛС се престави со двата модели за децентрализација на Центрите за социјална работа кои беа изработени со експертска поддршка како дел од проектната компонента „Застапување на Асоцијациите“. Кај посетителите на „маркетот“ односно таблата за презентирање претставничката од ЗЕЛС зборуваше за чекорите кои претходеа пред да се добијат овие два модели за децентрализација во кој се содржани препораки за продолжување со целосна фискална децентрализација, со што на крај треба да резултира со усвоен позиционен документ на ЗЕЛС за целосна децентрализација и кој е усогласен со позициониот документ на НАЛАС за социјална инклузија и миграција. Колешките и колегите од другите асоцијации побараа ЗЕЛС да ги сподели овие модели за децентрализација и со нив, но и да разменуваат искуства и понатаму во оваа област кога би се работеле на продолжување на децентрализацијата во нивните земји со цел усогласување на одредени области кои се од корист на крајните корисници во општините од сите земји од Западен Балкан.
Претставничката од ЗЕЛС исто така претстави и за искуствата и знаењата кои ги стекнаа и другите општини кои учествуваат во 5-те настани за размена на искуства од Кластерот за учење, а кои се однесуваат на развивање на социјални услуги согласно потребите на општините и спроведените социјални мапирања во општините каде тоа е направено. Во контекст на социјално мапирање и методологијата која беше користена во рамките на овој проект од пилот општините во сите земји учеснички се потврди корисноста и значајноста на оваа метода за утврдување на потребите на општините во областа на социјалната заштита на еден унифициран и стандардизиран начин. Сите општини се согласни дека оваа активност од проектот треба да продолжи да се менаџира од страна на Асоцијациите на општини и да се промовира и кај централните власти.
Во рамките на завршниот дводневен настан се разговараше и за улогата на телата кои ги имаат Асоцијациите за поддршка на креирање на политики и активности за општините. ЗЕЛС има Мрежа за социјална заштита составена од вработени во општините во областа, а за првпат се формираше и Комисија за социјална заштита и социјална инклузија составена од градоначалници. И двете тела имаа голем придонес во знаења и политички во креирањето на политиките на ЗЕЛС во однос на децентрализацијата на социјалната заштита. Како претставнички на Мрежата за социјална заштита на настанот учествуваа од општините Кавадарци, Штип и Кочани.
Последниот, втор ден од настанот беше посветен на предизвиците и следните чекори кои се планираат за продолжување на овој проект во кој ќе се вклучат и од Република Црна Гора и Република Хрватска, покрај Косово, Албанија, Република Српска, Босна и Херцеговина и Македонија.





