Средба со експертот за демографија
Во Македонија, по барање на министерството за социјална политика демографија и млади, а во организација и со помош на УНПФА, пристигна експерт од Соединетите Американски држави Хозе Мигуел Гузман.
Неговата мисија е да му помогне на министерството и Владата да се направи нова стратегија за демографија во Македонија. Со цел да неговите препораки бидат што подобри како и да ги согледа проблемите и предизвиците од сите страни, тој побара да се сретне и со претставници на ЗЕЛС.
На средбата се разговараше за улогата на општините во процесот на олеснување на животот на младите, обезбедување на градинки и школски услови за децата, како и за поттикнување и обезбедување на работни места во државата.
Како краен заклучок на состанокот произлезе дека децентрализацијата е најважен фактор во спроведување на подобрена ситуација во државата, но се осврнавме и на дигитализацијата, која значително може да помогне во спроведување на мерки за подобри услови за живот во Македонија.
.jpg)
.jpg)
.jpg)