Четврта средба на Заедницата на пракса за советодавна демократија

Во онлине формат, на 26.06.2025 се одржа четвртата средба на заедницата на пракса која беше формирана минатата година, како дел од регионалниот проект „Промовирање на советодавна (делиберативна) демократија и иновативно учество на граѓаните во Југоисточна Европа“ што се имплементиран од Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, во партнерство со НАЛАС, и со финансиска поддршка на Германија. ЗЕЛС ја има  улогата на координатор на проектот и општините во нашата земја.  Општините Аеродром, Македонски Брод и Центар, заедно со уште 15 општини и претставници од 7 асоцијации на локални власти од Западен Балкан, се вклучени во Заедницата за пракса за советодавна (делиберативна) демократија. На оваа средба се споделија активностите на нашите општини преземени во текот на мај месец, кои пред членовите на своите општински совети и пред претставниците од администрацијата, одржаaa информативни сесии за претставување на новата алатка за советодавна демократија граѓански собранија. На средбите забележан е голем интерес од сите чинители, и сериозно се размислува за воспоставување на оваа пракса и спроведување на Граѓанско собрание во наредниот период. За таа цел општините ќе може да ги користат обучувачите кои и вршеа претставување на алатката и веќе со низа обуки во рамки на проектот, ги имаат изградено сите вештини и искуство за помош на заинтересираните општини во организирање на Граѓанско собрание.

Оваа онлајн сесија послужи како платформа за учење  и инспирација за демократските иновации. Централниот фокус на состанокот беше следењето и институционализацијата на граѓанските собранија, со посебен акцент на дизајнирање ефикасни механизми за следење за подобрување на легитимитетот, континуитетот и долгорочното влијание на делиберативните процеси.

Учесниците споделија низа практични сознанија и иновации, вклучувајќи добри практики од регионите Брисел и Источен Белгија (Белгија) и градот Мостар (Босна и Херцеговина). Членовите на Заедницата на пракса ги споделија своите тековни инспиративни практики за вградување на демократски иновации, вклучувајќи целни сесии за граѓански собранија за локални функционери, информативни сесии, па дури и прво граѓански собрание организирано од градот Сараево.

Средбата ја потврди заедничката посветеност на Заедницата за вградување на делиберативни принципи во демократските институции низ целиот регион. Ја нагласи важноста на размената на мислења меѓу врсници во унапредувањето на инклузивното, транспарентното и одговорното управување.