Одржана почетната обука од новиот циклус за лиценцирање на административните службеници од општините за водење на постапка за отужување и давање под закуп на државно градежно земјиште
Во ЗЕЛС тренинг центарот, на 10 и 11 декември, 2025 година, беше организирана почетна обука за стекнување со овластување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште во државна сопственост, согласно член 108 од Законот за градежно земјиште. Со тоа ЗЕЛС, во соработка со Министерството за транспорт, отвори нов циклус за стекнување со оваа лиценца, наменета за претставниците од единиците за локалната самоуправа, од редот на раководните или стручните административни службеници од соодветната област. Со стапувањето на сила на измените во Законот за градежно земјиште, од 1 мај, 2020 година општините се исклучиво надлежни да располагаат со државното градежно земјиште што се наоѓа на нивната територија, па затоа доколку не располагаат со соодветен број лиценцирани службеници од оваа област, ќе се соочат со одредени пречки во спроведувањето на постапките поврзани со ова земјиште. Комисијата за следење на процесот на организирање и спроведување на обука и спроведување на испит за стекнување со овласување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште во државна сопственост го објави конкурсот на 24 ноември, 2025 година, со цел општините навремено да се организираат и да ги пријават своите кандидати. Стручната служба на ЗЕЛС, по извршената проверка за исполнетост на условите за кандидатите, ги информираше пријавените за термините за следење на почетната обука.
Интересот за обуката беше голем. Обуката во двата дена ја проследија вкупно 112 учесници за што добија и потврда за посета на почетна обука, без која не може полагаат испит. Дел од учесниците беа претставници од локалната власт чии лиценци истекуваат во рок од пет години и имаат обврска истата да ја обноват, со следење на целиот процес, односно, почетна обука и потоа полагање на испит, бидејќи станува збор за една динамична материја проследена и со одредени измени во прописите, но истовремено и комплексна од аспект на имотноправните и другите постапки што треба да се спроведуваат. Некои од општините, пак, имаа потреба да испратат нови кандидати, бидејќи дел од лиценцираните службеници заминале во пензија или на друго работно место, со што се нарушил потребниот број на лиценцирани лица што општината задолжително треба да го има, во согласност со законските прописи. Теоретскиот и практичниот дел ќе се полагаат во група од најмногу 15 лица, во просториите на Испитниот центар во зградата на Македонската Радио Телевизија, Скопје. Услов за полагање на вториот дел од испитот е кандидатот да го положи теоретскиот дел од испитот. Испитните термини дополнително ќе бидат утврдени.
.jpg)
.jpg)
.jpg)

.jpg)