Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски избран за претседател на Надзорен Одбор.
Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп беше избран за претседател на Надзорниот одбор на ЗЕЛС, на конститутивната седница што се одржа 18 декември, 2025 година, во хотелот ,,Александар Палас“. Ова тело на ЗЕЛС брои вкупно шест члена, пет градоначалници и еден претставник од Комитетот на регионите, без право на глас. Претседателот на ова тело може да присуствува на сите седници на Управниот одбор на ЗЕЛС, но нема право на глас. Во интерес на времето, членовите на ова тело се договорија во следниот период да одржат нова седница на која ќе отворат посеопфатна дискусија за прашања од нивна надлежност.
