Иницијален состанок со општините каде се планира да минува брзата железничка пруга
Министерството за транспорт започнува активности за утврдување на проект за изградба на брза железничка пруга, Коридор 10, за движење на воз со брзина од 160 км/ час. Се планира таа да оди паралелно со постојната пруга (која воедно ќе биде надградена и рехабилитиран)а, освен во одредени делови каде заради задоволување на потребите на брзината на возот, ќе треба да се направат соодветни дополнителни исправувања или други зафати. Овој проект е од стратешко значење за нашата земја, но и за регионот и ќе се спроведува според национално и интернационално законодавство.

Со цел навремено информирање на 16-те општини и Градот Скопје на чија територија се планира да минува идната пруга, на 4 февруари, 2026 година во просториите на ЗЕЛС беа повикани претставници од овие единици на локална самоуправа. Беше посочено дека целта на овој иницијален состанок е воспоставување на структуриран канал на взаемно информирање и соработка меѓу институциите што се вклучени во фазите на подготовка на потребните анализи и проекти, со претставници од општините на чија територија би минувала брзата пруга.. Претставниците од фирмата ,,G- Consult“ една од партнер организациите во процесот на реализацијата на проектот и организатори на овој состанок, ги информираа присутните со првичните сознанија околу натамошниот процес. Тие го нагласија значењето на ставовите и мислењата на 16-те општини и на Град Скопје, што може да ги дадат, како добри познавачи на теренот околку предвидените локации за градење .Во таа насока одредени општини ги изнесоа и постојните пречки, како на пример: тесна траса во одредено подрачје за дополнување со уште една паралелна пруга: големи и нагли кривини; близина на станбени објекти во одредени делови од постојната железничка пруга; бројни сообраќајни премини во некои населени места: недоволно изградени железнички станици; усогласување со детални урбанистички планови чија изработка е во тек и слично. Беше договорено во период од две недели, во рамките на секоја општина да се изврши консултација меѓу соодветниот административен кадар и градоначалникот, а потоа во вид на заеднички заклучоци и забелешки, во писмена форма да се достават до посочениот претставник од Министерството за транспорт. Присутните беа информирани дека во фаза на изработка е Студија на изводливост како и Студија за оцена на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти на пругата.


