Реалните приказни од општините од Виница и на Прилеп, Кривогаштани и Долнени меѓу најдобрите пракси за РОБ во Југоисточка Европа

Со експертска поддршка на ЗЕЛС беа идентификувани две добри пракси од локалните самоуправи од Република С. Македонија кои ги прикажуваат реални промени во животите на жителите од овие локални самоуправи базирани на мерки кои општината/ините ги развиле со користење на алатката за родово одговорно буџетира. Добрите пракси од општините Виница и заеднички на Прилеп, Кривогаштани и Долнени се претставени во оваа Брошура која претставува збирка на приказни со хумана димензија и претставуваат потврда на посветеноста на овие општини, заедно со локалните самоуправи од земјите од регионот на Југоисточна Европа за вклучување на родовата димензија во креирање на политиките, и најважно како овие обврски за родовата еднаквост прават промени во животите на луѓето. Приказните на општина Виница и на трите општини Прилеп, Кривогаштани и Долнени се претставени под темата: економија на грижа, здравство и социјална заштита.   
 
Општина Виница е претставена со праксата: Подобрување на пристапот до гинеколошките услуги за жените Ромки од руралните краеви. Општина Виница, поддржана од Мрежата за набљудување на родовиот буџет (GBWN) и во партнерство со локалните граѓански организации и Центарот за јавно здравје Виница, започна пилот-иницијатива за интегрирање на родово одговорното буџетирање (GRB) во локалното здравствено планирање. Целта беше да се развијат  мерки со кои ќе се искористат општинските ресурси и програми согласно реалните потреби на жените и мажите, особено на оние кои се соочуваат со меѓусекторска дискриминација, како што се жените Ромки. Со мерката се овозможи бесплатни гинеколошки прегледи за повеќе од 70 жени Ромки, од кои 90% беа прегледани за прв пат, а 87% одговорија дека повторно ќе учествуваат.                                                                                                        
 
Праксата на Прилеп, Кривогаштани и Долнени е: Услуги за доамашна нега и грижа на стари лица, односно е претставено како  трансформирање на грижата и родовите односи преку пионерскиот модел кој неплатената работа за нега на жените станува признато и препознаено професионално вработување, а воедно обезбедува достоинство и независност за постарите граѓани. Праксата е резултат на соработката на Здружението Центар за развој и образование од Прилеп, заедно со општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Со мерката се опфатени 170  постари крајни корисници, а 40 лица кои се грижат за постари лица (80% жени) беа обучени и вработени.                                                                                                                                       
 
Оваа Брошура е во издание на НАЛАС, а со финансиска поддршка на UN Women, за што беше користена Методологија за собирање на најдобри практики за родово одговорно буџетирање и управување со знаење. Овие приказни треба да помогнат на локалните самоуправи како пример за премостување на родовиот јаз кој се појавува меѓу политиките и реалноста во заедницата, при тоа ставајќи акцент на инклузивноста, фер и еднаква распределба на ресурси и еднаков пристап на услуги, со фокус на жените, мажите и ранливите групи.                                                              
 

Согласно Методологијата за собирање на најдобри практики и критериумите кои беа дел од истата, ЗЕЛС идентификуваше неколку добри пракси, но приказните од Општина Виница и Општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени беа одбрани како најдобри практики преку кои се прикажува примената на РОБ како алатка за социјална трансформација и одговорно буџетирање. Најдобрите практики  беа идентификувани со користење на три главни критериуми: (1) ефективност – проценка дали практиката функционира добро и покажува мерливи резултати во унапредувањето на родовата еднаквост; (2) репликација – утврдување дали практиката може да се прилагоди и примени во други локални контексти; и (3) потенцијал за учење – проценка на степенот до кој практиката генерира знаење, инспирира иновации и придонесува за институционално учење. Овие критериуми осигуруваат дека секој избран пример претставува одржлив, инклузивен и ориентиран кон резултати пристап кон родово одговорното буџетирање. Крајната цел е локалните службеници, практичарите и креаторите на политики да учат од овие докажани пристапи, да реплицираат успешни модели и да поттикнуваат нови, иновативни решенија кои ја унапредуваат родовата еднаквост низ целиот регион на Југоисточна Европа. Брошурата опфаќа 16 најдобри практики од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Република С.Македонија, Молдавија, Турција и Косово. Приказните на овие општини се во фокусирани на следниве области:  економско јакнење и вработување на жените; инклузивен рурален раст; економија на грижа, здравство и социјална заштита; култура, спорт и инклузија; образование, подигање на свеста и превенција од родово насилство; системи за заштита и одговор на родово насилство; жени и градење мир; и податоци, управување и вклучување на родовото насилство во главните текови. Брошурата претставува вреден ресурс за учење и ги промовира општините кои покажуваат лидерство, иновација и храброст во унапредувањето на родовата еднаквост преку локална акција. ЗЕЛС ќе ја сподели со сите општини и постави на својата интернет страница и платформата www.rob.zels.org.mk