Во Пелагонискиот и Југозападниот плански регион се интензивираат активности за управување со отпадот- изнесено на Форумот „Заедно за регион без отпад: Кон функционален и одржлив регионален систем”

 

Градоначалници, претставници од општинската администрација и од јавните комунални претпријатија  од Пелагонискиот и Југозападниот  плански регион, како и претставници од граѓански организации, високи  домашни  и странски претставници, и експерти од регионот и Шведска учествуваа  на форумот ,, Заедно за регионален отпад: Кон функционален и оддржлив регионален систем“, што се одржа на  29 април, 2026 година,  во Скопје. Форумот беше организиран во рамките на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“, финансиран од Шведска и реализиран во нашата земја од Шведската асоцијација на локлани власти и региони (SALAR) / SALAR International во соработка со партнерите МЖСПП, МЛС и ЗЕЛС.  Настанот го отвори  Н.Е. Амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Солстром, а пред присутните се обратија министерот за локална самоуправа Златко Перински, извршната директорка на ЗЕЛС Душица Перишиќ и директорот на SALAR International, Рајан Нокс.

Форумот беше посветен на унапредување на регионалниот систем за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион и претставува значаен чекор кон воспоставување модерен, функционален и одржлив систем кој ќе обезбеди поквалитетни услуги за граѓаните и повисоко ниво на заштита на животната средина. Во рамките на двете панел дискусии беа изнесени предизвиците со кои се соочуват двата региона, како и  преземените, но и идни чекори во трансформација на системот, преку регионално планирање и дизајнирање, обезбедување на потребната инфраструктура, инвестиции и институционална и меѓуопштинска координација.  Од големо значење е и неодамна воспоставениот Меѓуопштинскиот Одбор за управување со отпад, во кој се повеќе од 18 општини од двата региона,  што претставува управно тело за надзор и управување со системот.  Се очекува негова голема посветеност и  фокусирање на спроведувањето на активностите од оперативниот регионален план, што е надополнет  со локалните оперативни планови кои веќе успешно започнаа да се  спроведуваат.  Регионалниот план за управување со отпад не претставува само административна обврска, туку суштинска алатка за правување со големиот број на нелегални депонии; со ограничените финансиски ресурси за инвестирање во опрема и инфраструктура, како и ограничените капацитети за ефикасно управување со отпадот. Од Министерството за животна средина информираа дека во следниот квартал се очекува да се испорачаат сите набавени возила за јавните претпријатија , а веќе по општините се распределуваат и канти во две бои ( жолта и зелена) што претставува добар предуслов да се започне со примарна селекција на отпадот. Во рамки на проектот се изготвени и неколкуте прирачници кои служат како алатки за општините, меѓу кои Прирачникот за заштита од пожари во депониите, Методологијата за затварање на ѓубришта како и Методологијата за интегрирање на родовата перспектива во управувањето со отпад на локално ниво, изготвена во рамки на компонента на проектот спроведена од ЗЕЛС.  Од голема важност за информирање за напредокот на целиот процес ,а особено  пренесувањето на добри примери е обезбедувањето на веб платформата Регион без отпад