Работилница во ЗЕЛС за развивање и имплементација на планови за одржлива урбана мобилност
Во просторите на административната зграда на ЗЕЛС на 5 јуни, 2026 година беше организирана работилница за развивање и имплементација на планови за одржлива урбана мобилност на која беа повикани носители на одлуки на локално и на национално ниво. Овој настан беше организиран во рамките на проектните активности ,,Техничка поддршка за развивање планови за одржлива урбана мобилност за пет општини и обезбедување на обука за развивање и имплементација на планови за одржлива урбана мобилност,, од ,,Проектот за поврзување на локални патишта“ што се финансира со заем од Светска банка, а го спроведува Министерството за транспорт на РСМ. Во рамките на проектната активност во изминатиот период беше дадена поддршка на општините : Кавадарци, Кочани, Струга, Струмица и Прилеп за изработка на планови што ќе креираат подобра одржливоста на нивните урбаните транспортни системи, подобрување на ефикасноста, исплатливоста и достапноста на транспортната мрежа, истовремено намалувајќи го нејзиното влијание врз животната средина.

На почетокот на овој настан пред присутните се обратија: претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски; заменик министерот на Владата на РСМ и министер за транспорт, Александар Николоски; заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени; заменик министерот за локална самоуправа, Ерџан Селими и директорката на Канцеларијата на Светска Банка за Северна Македонија и Косово, Карол Межеван .
Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски изрази благодарност за поддршката од Министерството за транспорт и Светска Банка што им ја даваат на општините во насока на спроведување на бројни инфраструктурни проекти, наскоро и за подобрување на хигиената во градовите, но и во делот на јакнење на свеста за значењето на креирање на планови за одржливи урбана мобилност. Тој посочи дека во сите зафати од патната инфраструктура, воспоставувањето на БРТ линијата во следниот период во Град Скопје и со „откочувањето“ на одредени инфраструктурни зафати, посебен акцент се става на обезбедувањето на велосипедски патеки и поттикнување на граѓаните да го напуштат сега застапениот масовен превоз со индивидуални возила. Сето тоа ќесе придонесе за квалитетен и безбеден транспорт, но и за зачувување и заштита на животната средина , нагласи Ѓорѓиевски.
Министерот за транспорт, Александар Николовски рече дека нашата земја е посветена кон обнова и градење на нова патна инфраструктура, при тоа водејќи грижа таа да е оддржлива и мобилна и да одговара на потребите на граѓаните. Светска Банка е голем поддржувач на земјата на тој пат, но и во делот на јакнење на капацитетите на креаторите на политики и планови што ќе одговараат на современите текови на безбедност и мобилност, а Министерството ќе се залага за целосна имплементација на плановите во реални проекти. Министерот Николовски ја искористи можноста да најави дека по успешно спроведена јавна набавка, многу скоро, Град Скопје и уште седум поголеми општи земјата: Куманово, Штип, Велес, Битола, Тетово, Струмица и Охрид – како регионални центри, ќе добијат опрема и возила за одржување на хигиена на патиштата. Набавката е со вкупна вредност од 4,2 милиони евра, а се купуваат 49 мултифункционални возила.
За досегашната успешна соработка со Министерството за транспорт и со општините говореше и директорката на Канцеларијата на Светска Банка за Северна Македонија и Косово, Карол Межеван. Таа нагласи дека е задоволна што нашата земја се приклучува кон примена на стандардите на урбаната мобилност, бидејќи како и во светот и во нашата земја, повеќе од 60% од населението е концентрирано во поголемите градови. Таа нагласи дека на овој начин се јакнат и институциите, а при тоа се придонесува за избор на граѓаните на најразлични можности за движење и ставање на акцент на човекот, а не на возилата, што е во насока на подобрување и негативните последици од климатските промени. Пред присутните се обратија и заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени и заменик министерот за локална самоуправа, Ерџан Селими кои говореа за важноста на безбедноста на сообраќајот, поголема регионална опфатеност на патната инфраструктура и градење на јасна визија на општините за урбаната мобилност.
Одржлива урбана мобилност е стратешки концепт фокусиран на еколошка прифатливост, економски исплатлив и социјална праведност
Присутните градоначалници и претставници од општинската администрација како и високи државни советници /раководители на сектори од повеќе министерствата се запознаа со целите и важноста на одржливата урбана мобилност, подготовката за планирање на одржлива урбана мобилност и имплементација на плановите. Беше нагласено дека одржливата урбана мобилност е стратешки концепт кој се фокусира на движењето на луѓето и стоките во градовите на начин кој е еколошки прифатлив, економски исплатлив и социјално праведен. Целта е намалување на сообраќајниот метеж и на загадувањето и бучавата преку давање предност на јавниот превоз, возењето велосипед и пешачењето. Главните столбови на овој концепт вклучуваат: Поттикнување на немоторизиран транспорт (пешачење и возење велосипед) и користење на електрични или хибридни возила; развивање на ефикасен јавен превоз кој вклучува развивање на интегрирани системи кои се достапни, брзи и удобни за сите граѓани; намалување на зависноста од автомобили и пренамена на улиците во јавни простори наменети за луѓе, а не само за возила и паркирање. Придобивките од ПОУМ се: Подобрување на квалитетот на живот; Намалување на трошоците за создавање на економски развој; Придонес кон подобро здравје и животна средина ;Поефикасно користење на ограничени ресурси; Освојување на јавната поддршка ; Подготовка на подобри планови насочени кон луѓето; Ефикасно исполнување на законската обврска; Користење на синергија, зголемување на важноста ; Создавање на нова култура за мобилност . На присутните им беше прикажан и конкретен пример (студија на случај) за воспоставување на ПОУМ и нејзина имплементација.





