Отворен повик - Програма за јакнење на капацитетите на општините за унапредување на социо-економското учество на жени и девојки од ранливи категории

Унапредувањето на социо-економското учество на жените и девојките од ранливи категории подразбира обезбедување еднаков пристап до можности за вработување, развој на вештини, социјални услуги и активно учество во животот на заедницата. На локално ниво, општините имаат клучна улога во надминувањето на овие предизвици преку креирање насочени политики и услуги кои поттикнуваат инклузија, го зголемуваат пристапот до можности и овозможуваат овие категории активно да придонесуваат во економскиот и социјалниот развој на своите заедници.

Мрежата на асоцијации на локални власти од Југоисточна Европа (NALAS), заедно со својата членка Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија (ЗЕЛС), го објавува овој Повик за пријавување за општини заинтересирани за учество во „Програмата за јакнење на капацитетите на општините за унапредување на социо-економското учество на жени и девојки од ранливи категории “.

 Заинтересираните општини љубезно се покануваат да се запознаат со Повикот преку резимето достапно на оваа страница. За подетални информации за Повикот и процесот на аплицирање, ве молиме погледнете ги приложените документи: Отворениот повик и Образецот за пријави.

Отворен повик;     Образец за пријави

Резиме на повикот

 

Повикот е отворен од 8ми до 26ти јуни 2026 година

За поддршка на заинтересираните општини, ќе бидат организирани информативни онлајн сесии на 19 јуни 2026 година и 23 јуни 2026 година, на кои ќе бидат обезбедени дополнителни појаснувања.

Програмата за јакнење на капацитетите се организира во рамки на проектот „Мостови за инклузија“, кој го спроведуваат NALAS и неговите членки од Западен Балкан, во рамки на регионалниот проект „Унапредување на социо-економската вклученост во општините од Западен Балкан“ (SPARK), имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH, во име на Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ).