Унапредување на еднаквите можности на жените и мажите и спречување на дискриминацијата во партнерство со Комисијата за заштита и спречување на дискриминација
Институционална соработка помеѓу ЗЕЛС и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација се официјализираше со потпишувањето на Меморандумот за соработка од страна на директорката Душица Перишиќ и претседателот на Комисијата, Душан Томшиќ. Преку документот се утврди рамакта за заемна соработка во насока на промоција и унапредување на еднаквоста, недискриминацијата и почитувањето на човековите права на локално ниво. Двете странија се договорија дека заеднички ќе работат на зајакнување на капацитетите на единиците на локалната самоуправа за примена на принципот на еднаквост и недискриминација, унапредување на соработката помеѓу КСЗД и единиците на локалната самоуправа преку ЗЕЛС. Понатаму, активности кои се однесуваат на поддршка и зајакнување на улогата на локалните тела за еднаквост, како Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и други релевантни механизми на локално ниво. Една од приоритетните заеднички напори ќе биде и за подигнување на јавната свест за спречување и заштита од дискриминација. Целта е да се зајакнат капацитетите на локално ниво за развивање на мерки кои би придонеле кон превенција и спречување од дискриминација. Исто така ќе се работи и на охрабрување за пријавување на случаи на дискриминација кај сите групи на граѓани, особено со фокус на еднаквите можности, ранливоста преку интерсекциски пристап во развивањето на локалните политики. Мерките и активностите кои ќе бидат развивани согласно овие политики треба да бидат интегирани во буџетот преку алатката на Родово Одговорно буџетирање.
Во следен период ЗЕЛС и КЗСД ќе се фокусираат на зајакнување на капацитети на општинските тела и органи.

