IN MEMORIAM: Почина градоначалникот на општина Брвеница, г-дин Јовица Илиевски
Со огромна тага и неверица членовите на ЗЕЛС ја примија информацијата за ненадејно и прераното заминување на градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски,
Освојување на два мандати за градоначалник, се доволен показател за тоа колку биле задоволни жителите на Брвеница од неговата работа .
Изразуваме сочувство и жалење до неговото семејство и најблиските соработници.
Нека почива во мир