Прв состанок на Комисијата за следење на финансирањето на општините

На 25 јуни се одржа прв состанок на Комисијата за следење на на финансирањето на општините во нов состав, односно со претставници од ЗЕЛС, избрани на претходните локални избори.

За потсетување, оваа Комисија брои ѝ13 членови од кои 7 се претставници од ЗЕЛС, односно градоначалници, а 5 се претставници од министерствата, кои доделуваат блок дотации на општините за управување со децентрализираните надлежности.

                На оваа, 54 седница се расправаше по следниот дневен ред:

  1. Отворање на конститутивната седница на Комисијата , Андријана Матлиоска, државен секретар во МФ,
  2. Разгледување и усвојување на Деловник за работа на Комисијата,
  3. Избор на претседател на Комисијата,
  4. Предлог Уредба за методологија  за  распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2027 година,
  5. Предлог Уредба за методологија за утврдување на критериуми за распределба на блок дотации од областа на  културата во 2027 година.
  6. Разно.

По обраќањето на државната секретарка во министерството за финансии, Андријана Матлиоска и усвојување на деловникот за работа, се помина на следната точка, односно избор на претседател на оваа Комисија. Едногласно е избрана градоначалничката на Неготино, Марија Нацева, а како заменик претседател е избрана  Радмила Сандева а како секретар на Комисијата АлександраПеткановска исто така од министерството за финансии.

Потоа се помина на разгледување на следните точки, односно предлог Уредбите за распределба на данокот на додадена вредност и блок дотациите за култура и бидејќи нема измена во двата предлога во однос на предходните години, тие се усвоени едногласно.

Под точката разно се дискутираше и за останатите уредби, кои треба да се донесат а тие се Уредба за блок дотации за основно образование и Уредба за блок дотации за средно образование, како и Уредба за блок дотации за социјална грижа. Се очекува во следниот период да се свика повторен состанок на Комисијата и да се разгледуваат и овие преостанати Уредби.