ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ – АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТИ Спроведување на LNOB социјално мапирање и креирање политики засновани на докази

Здружението на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија (ЗЕЛС) ги повикува квалификуваните експерти да достават понуди за услуги поврзани со спроведување на LNOB социјално мапирање и креирање политики засновани на докази, во рамки на проектот „Bridges of Inclusion“, кој се спроведува во соработка со GIZ.

Ангажманот има за цел да им помогне на општините во идентификување на потребите, пречките и достапните услуги за ранливите групи, со фокус на жените жртви на родово базирано/семејно насилство и жените и девојките од руралните средини, како и преточување на наодите во локални политики и мерки за социјална заштита засновани на докази.

Активностите ќе се спроведуваат во Битола, Гостивар, Кочани и во рамки на меѓуопштинската соработка на Росоман, Чашка и Лозово. Еден експерт може да аплицира за најмногу две општини.

Клучните задачи опфаќаат:

  • подготовка на концепт, акциски план и инструменти за истражување;
  • координација на социјалното мапирање и теренското собирање податоци;
  • обука на анкетари;
  • обработка и анализа на податоците и подготовка на Извештај за социјално мапирање;
  • консултации со засегнатите страни и верификација на наодите; и
  • подготовка и интегрирање на препораки во локалните политики и планови за социјална заштита.

Ангажманот ќе се реализира во периодот септември 2026 – февруари 2027 година.

Заинтересираните експерти треба да ги достават своите понуди најдоцна до 23 август 2026 година, до 16:00 часот (CET), на англиски јазик, на е-пошта irena.nikolov@zels.org.mk.

 

CALL FOR APPLICATIONS - FORM