Со првата сесија на онлај-курсот „Социјално мапирање LNOB и креирање политики засновани на докази“ за осумте избрани општини официјално започна имплементацијата на регионалниот проект “Мостови на инклузија“ каде ЗЕЛС има активна вклученост

На 14 септември, 2026 година започна реализирањето на  онлајн -курсот „Социјално мапирање LNOB и креирање политики засновани на докази“ што е наменет за претставници од општинската администрација кои се одговорни за прашања од областа на социјалната заштита и за носители на локални одлуки од избраните општини: Битола; Гостивар; Кочани; Росоман, Чашка и Лозово поврзани преку меѓу-општинска соработка; како и Струмица, Берово, Кавадарци, Тетово и Македонска Каменица. Со овој курс и официјално започнуваат активностите од Проектот “Мостови на инклузија“ што го спроведува асоцијациите на локални власти од Западен Балкан, меѓу кои и ЗЕЛС заедно со NALAS. Всушност станува збор за регионалниот проект „Унапредување на социо-економската вклученост во општините од Западен Балкан“ (SPARK), имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH, во име на Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ).   Сите овие општини ќе бидат вклучени и во Кластерот за учење за развивање на концепти за социјални услуги за социо -економско јакнење на таргети групи: жртви на родово базирано насилство или жени и девојки од рурални средини. Додека општините: Битола; Гостивар; Кочани и трите општини поврзани преку меѓу-општинска соработка: Росоман, Чашка и Лозово ќе добијат поддршка и во спроведување на LNOB социјално мапирање и креирање политики засновани на докази што во нашата земја ќе се спроведува преку електронската алатка-социјално мапирање. ЗЕЛС е првата асоцијација на локални власти која во избраните општини ќе го спроведува преку дигиталната алатка. За воспоставување почетна имплементација на социјално-економски услуги за жени, две општини  ќе добијат поддршка во вредност од 7.000 евра.

Креирање на политики базирани на докази со користење на податоци добиени од социјално мапирање

Онлајн -курсот „Социјално мапирање LNOB и креирање политики засновани на докази“  ќе се реализира во четри онлајн сесии , заклучно до 12 октомври 2026 година,  каде учесниците ќе имаат можност да се запознаат со четирите модули :

 1: Вовед во клучните концепти: управување со различностите, родова еднаквост, социјална вклученост, инклузивни политики, Агенда 2030 и ЦОР, Никој да не биде изоставен (LNOB) и социјално мапирање

 2: Методологија за социјално мапирање LNOB

 3: Изработка на извештаи за социјално мапирање и

 4: Донесување одлуки засновани на докази

Освен за претставници од општинската администрација,  онлајн курс  е наменет и за локални субјекти од овие општини  што работат на  социјални истражувања и анализи и кои би можеле да дадат поддршка на општината во спроведувањето на ЛНОБ социјалното мапирање и во крерањето политики. Целта е сите тие добро да го разберат процесот на креирање на политики базирани на докази со користење на податоци добиени од мапирањето; да ги зголемат знаењата за концептите на различност, социјална инклузија, родова еднаквост, запознавање со Агендата 2030 и Цели за одржлив развој на ОН (ЦОР). Исто така  да се запознаат со важноста на концептот на социјално мапирање во вклучувањето на обесправените групи во локалните одлуки и крирањето политики: потоа да се запознаат со различни алатки и техники за социјално мапирање;  со идентификување на ранливи групи, земање примероци за истражување и идентификување  на засегнати страни; развивање на концепт за акциски планови за социјално мапирање; разбирање на структурата на извештаите за социјално мапирање и интерпретација на собраните податоци  и преточување на наодите од социјалното мапирање во локални препораки за политики засновани на докази.   

Начелото ,,Не оставај никој зад себе ( LNOB ) е централно и трансформативно ветување на Агендата 2030 на ОН која се стреми никој да не остане изоставен во напорите за одржлив развој. LNOB социјалното мапирање претставува метод кој го користат социјалните работници и владините стручњаци за прибирање на податоци во однос на потребите на различните LNOB целни групи (загрозени лица), како и идентификување на достапноста и пристапноста на социо-економските ресурси во заедницата. Методологијата за социјално мапирање според принципот LNOB е тестирана и применета во повеќе од 40 единици на локалната самоуправа во Западен Балкан, во рамките на поддршката обезбедена преку претходниот проект.

По завршувањето на курсот, предвидено е  учесниците да  се стекнат со сертифокат за завршување на курсот, но само доколку  активно придонеле на форумите за дискусија, ја совладале комплетната содржина, учествувале во размена на искуства,  решавале конкретни задачи и имале успех во завршните квизови.